Од Subaru подготвуваат нешто големо и важно за саемот на автомобили во Детроит, но решија да прикажат нешто ново и на саемот во Токио.
Тоа се два нови концепти за моделите Forester STI и Impreza STI.
Иако на прв поглед STI за Forester ни нема логика, сепак од Subaru решија на овој теренец да му дадат спортски дух. Овој концепт е подготвен за сериско производство. Од спортските делови на STI се доби комплетен сет на аеродинамички додатоци, прекрасната Fighter Grey боја, 19 инчни гуми и моќни шестоклипни кочници на предните тркала.
Другиот концепт од Subaru е базиран на Impreza и ќе биде наменета само за пазарот во Јапонија. STI верзијата на овој автомобил опремена е со серија на специјални компоненти и внатре и надвор. Доби комплетен аеродинамички сет, како и неколку визуелни промени.
Овие два STI модела со сигурност ќе привлечат големо внимание на автосаемот во Токио.
