Subaru Impreza S10 WRC управувана од Петер Солберг оди на аукција

Богатите љубители на автомобили, а особено љубителите на релито, сега имаат одлична можност да поседуваат дел од историјата.

Станува збор за рели автомобилот Subaru Impreza S10 WRC, управуван од легендарниот Петер Солберг кој победи во Јапонија во 2004 година. Тој успеа да слави на 11 етапи и митингот во Јапонија заврши со предност од повеќе од една минута во однос на ривалот Себастен Лоеб. Со тоа Солберг ја обезбеди 42-та победа за Субару во WRC.

После оваа победа, Продрајв го расклопи и го состави автомобилот за Петер, кој го возеше на релито во Австралија кое не го заврши. Тогаш Субару реши автомобилот да го вози Колин МекРеа на меморијалниот рели Спринт Бетега во Монца. По завршувањето на сезоната на WRC во 2004 година, Продрајв повторно целосно го освежи автомобилот и го продаде на приватен тим.

Откако смени неколку сопственици, сегашниот сопственик го врати во првобитната состојба со спецификациите користени на јапонското рели 2004 година. Оваа работа е направена од Продрајв во 2019 година. Беше целосно демонтиран, резервоарот за гориво, дисковите на сопирачките, влошките беа заменети, каросеријата беше префарбана и додадени се оригиналните налепници.

Продрајв беше толку детален во работата што ги задржа прилагодувањата на суспензијата и положбата на педалите и седиштата што ги претпочита Солберг. Вниманието што се посветува на деталите е неверојатно.

Solberg Impreza S10 ќе се продаде на аукција на 28 мај, а се очекува да достигне цена од 540 000 до 640 000 долари.

Претходна Eminem – When I’m Gone
Следна Повеќе од три милијарди Андроид уреди се активни ширум светот

Награден напис

Леклер ја освои пол-позицијата пред утрешната трка во Монако и погоди во ѕид

Возачот на Ферари, Чарлс Леклерк ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда на …

Шест фитнес митови кои го успоруваат слабеењето

Губењето тежина и маснотии е доволно предизвикувачки процес и без митови и дезинформации што дополнително …

Забрането е копирање на текст!