SsangYong го претстави Rexton DKR теренецот спремен за Дакар

Rexton DKR е возило подготвено од одделот SsangYong Motorsport, и треба да одговори на сите предизвици на сите препреки на Дакар релито.
Релито ќе се одвива во Перу. Ќе трае 11 дена од 6-17 јануари 2019 година, а Rexton DKR ќе го вози шпанецот Оскар Фуертес.
Rexton DKR е возило слично на баги со специфична шасија, и со големиот брат со исто име немаат скоро ништо заедничко.
Моделот наменет за Дакар релито ќе го движи V8 мотор со 450 ks, сместен во задниот дел. Силата ќе се пренесува со секвенцијален менувач со 6 степени на пренос и Torsen диференцијал со самозаклучување на задните тркала.
Автомобилот е тежок 1,900 килограми, а од 0-100 km/h постигнува за 4,4 секунди. Максималната брзина му е 196 km/h.
Rexton DKR ќе се натпреварува во Т1-3 за бензинци со погон на две тркала.
Релито ќе се вози комплетно низ пустина и за таа намена Rexton DKR доби 17 инчни тркала и бесење кое ќе му овозможи совладување на теренот со леснотија.


Претходна Ракометарите на Работнички ги изненадија дечињата на Инфективната клиника во Скопје
Следна Нов рекорд за SpaceX

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!