SpaseX објави фотографија од првото суборбитално летало

Основачот и директор на компанијата SpaceX Илон Маск, објави фотографија на која се наоѓа пробното летало наречено Starship.
Маск објави дека пробната верзија на “ѕвездениот брод” конечно е составена и завршена на локацијата за лансирање во Бока Чика Вилиџ во државата Тексас во САД.
Ова летало ќе се користи за пробни вертикални суборбитални лансирања, а орбиталната верзија на леталото ќе биде повисока, ќе има подебели ѕидови и поинаку изработен врв. Според Маск, компанијата би требало до јуни да го има првиот орбитален прототип.
Starship е нова класа на летала која ќе ги замени постоечките, а ќе овозможи потенцијални мисии на Месечината и на Марс.

Претходна Автомобилите на Хјундаи добија три награди за сигурност за две недели
Следна Сеск Фабрегас потпиша за Монако до 2022 година

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!