Spacex успешно го тестираше топлотниот штит за леталото Starship

Елон Маск со секој свој чекор покажува дека е упорен во намерата да отпатува на Марс и успешно да се врати. За да се изведе сето тоа потребно е летало кое ќе одолее на сите влијанија во вселената и отпорот на кој ќе биде изложен при навлегување во земјината атмосфера. Потребно е да издржи огромна температура, и поради тоа во Spacex конструираа топлотен штит кој беше тестиран и успешно ги помина тестовите.

Маск на својот Твитер пишал дека штитот издржал температура од 1650 келвинови степени (1376.85 степени целзиусови), а неговиот хексагонален облик му помогнал да спречи оштетувања од топлината.

Исто така Маск вели дека ќе биде додадено “транспирациско ладење” на деловите од штитот кои се изложени на ерозија, бидејќи Starship мора да биде подготвен за полетување брзо откако ќе слета. Овој тип овозможува дополнително ладење на штитот со испуштање на вода и метан кои делуваат како разладен реагенс.

Со успешниот тест на штитот Елон Маск е уште еден чекор поблиску до патувањето на Марс, кое се најавува за 2024 година.

Претходна Во следниот филм Џемс Бонд ќе вози електричен Aston Martin
Следна Mercedes-Benz G-Class (2019) ги руши законите на физиката

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Don`t copy text!