Smart #1 Brabus изгледа суптилно и „крие“ 422 КС

На саемот на автомобили што се одржа во градот Ченгду, Кина, беше претставена ултимативната верзија на целосно електричниот кросовер Smart #1 Brabus.

Брабус е првенствено независен тјунер и специјалист за доработки, но овојпат работеше директно со Smart за да ја создаде врвната верзија на кросоверот. Дали Smart #1 Brabus ќе биде достапен на пазарите надвор од Кина се уште не е познато.

Модификациите вклучуваат поставување на електричен мотор напред, кој испорачува 154 КС и 200 Nm вртежен момент, при што стандардниот мотор сместен на задната оска развива 268 КС и 343 Nm вртежен момент. Во комбинација, тоа се 422 КС и 543 Nm, а електричниот кросовер забрзува од 0 до 100 km/h за 3,7 секунди. Има капацитет на батерија од 66 kWh како стандардниот Smart #1, па се очекува нешто пократок досег во споредба со стандардните 440 километри.

Брабус најчесто ги опремува своите креации со „див“ боди кит, но овој пат беше изненадувачки суптилен. Во суштина, автомобилот доби само дополнителни канали за вшмукување на воздух под предниот капак, препознатливи предни воздушни завеси и нови бандажи во комбинација на сребрена и црна боја.

Сите примери на овој модел на Брабус ќе бидат обоени во шема со три бои составена од комбинација на мат сиво, silent црно и laser црвено. Црвени се и шепите на сопирачките.

Другите модификации се во внатрешноста и вклучуваат значки на Brabus на потпирачите за глава, волан Alcantara и црвен конец.

Во Кина, Smart #1 Brabus ќе чини 40.600 долари.

Претходна Џони Штулиќ објави нов албум со 42 песни
Следна Крис Рок ја одби улогата на водител на Оскарите во 2023 година

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!