Sky Whale е трикатен авион за 755 патници

AWWA Sky Whale е огромен авион дизајниран да го претставува врвот на луксузот, перформансите и одржливоста.

На неодамнешната изложба за иднината на транспортот во Кувајт беше претставен дизајн на Оскар Виналс. Концептот наречен Sky Whale е фокусиран на „зелен“ дизајн на авиони кој ја претставува иднината на воздушниот транспорт, кој би можел да има корист од технолошките решенија кои се поеколошки, поефикасни и нудат максимални перформанси.

Концептот е опремен со најсовремени технологии како што се легури, композити од керамика или влакна, јаглеродни наноцевки, оптички кабли, „само-заздравувачка“ кожа, хибридни електрични мотори, активни крила, двојни трупови, прозорци со VR технологија и прилагодлива непроѕирност и способност за собирање електрична енергија користејќи мали соларни ќелии во структурата на таванот.

Активните крила ќе бидат подолги од конвенционалните што моментално се користат, а ексцентричната турбина во крилото блиску до трупот може да насочи ламинарен проток на воздух и турбуленции додека генерира електрична енергија за електричните хибридни мотори.

Иновативниот хибриден турбо-електричен погонски систем е овозможен со очекуваниот развој на технологијата за батерии.

Моторите може да се поместуваат до 45 степени вертикално за дополнително да помогнат при полетување и слетување. Ова значително би ја намалило должината на пистата потребна за полетување.

Систем „fly-by-wire“ и авионска опрема би се користеле за контрола на сè, а помошта би била обезбедена од активните сензори распоредени по површината на авионот.

Од безбедносни причини, крилата на авионот се направени и позиционирани одвоено од трупот, а содржат и интегрирани мотори. Доколку дојде до принудно слетување, патничкиот простор ќе се одвои и ќе претрпи мала штета.

Концептот е долг 76,8 метри, може да достигне брзина од 997 km/h и да прими до 755 патници.

Sky Whale во суштина е дизајниран како луксузен летечки хотел и има различни капацитети. Патниците би биле поделени на туристички, деловни и прва класа. Највисоката класа ќе вклучува покривни прозорци во таванот.

Побарувачката за поголеми патнички авиони опремени со најсовремена технологија е во пораст, па овој концепт еден ден би можел да стане реалност.

Претходна SC-01 станува национален спортски автомобил на Кина
Следна Nissan го претстави тркачкиот Z GT4, на патеката ќе се појави следната година

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!