Samsung Galaxy A9, првиот смартфон со 4 задни камери

Денес во Милано, Италија, корејската компанија Самсунг го претстави моделот на паметен телефон Galaxy A9, првиот телефон со 4 задни камери. Благодарение на овој модел, Самсунг стана првата компанија што понудила телефон со 4 задни камери.
А9 во секој аспект е телефон што ќе ги задоволи потребите и на најпребирливите корисници, а со оглед на споменатите 4 задни камери и Clear & Bright технологијата на камерата, јасно е дека од Самсунг се концентрирале на аспектот совршена фотографија.
Телефонот е збогатен со екран со големина 6,3 инчи, со HD резолуција 2220 x 1080 пиксели.
Исто така, квалитетот на селфи камерата од 24mp нема да го разочара корисникот. Ќе ви дозволи да го контролирате светлото и да направите совршена селфи фотографија. Од Самсунг истакнаа тека четирите леќи ќе ви овозможат одлична фотографија без никаков напор.
Главната камера од 24 mp (f/1.7) прави светли и чисти фотографии, (ultra wide) камерата од 8 mp (f/2.4) слика под агол од 120 степени, а тука е телефото камерата со 10 mp со 2x оптички зум, и камерата 5 mp (f/2.2) задолжена за Live Focus. Под вертикално поставените камери, поставен е ЛЕД блицот. Исто така од задната страна е поставен и сензорот за отисок на прст, а моделот на располагање ја има и опцијата за препознавање на лице.
А9 го работи на Snapdragon 660 процесор, 6 gb рам меморија, 128 gb внатрешна меморија, која може да се прошири со вметнување на SD картичка до 512 gb. Го напојува батерија од 3800 mAh која ветува долготрајно користење без потреба од полнач. Поддржува брзо полнење.
Уредот користи Андроид оперативен систем, веризја 8.1 Oreo, со Samsung Experience Interface.
Galaxy A9 ќе може да се набави во црна, сина или розева боја.

Претходна Opel најавува повлекување на моделите Adam, Karl и Cascada
Следна Мик Шумахер чекори кон Формула 1

Награден напис

Huawei nova 10 и nova 10 Pro пристигнуваат на европскиот пазар

Huawei во јули на кинескиот пазар ги лансираше мобилните телефони nova 10 и nova 10 …

Sony го претстави Xperia 5 IV

Компанијата Sony официјално го претстави новиот паметен телефон наречен Xperia 5 IV. По изглед, новиот …

Забрането е копирање на текст!