Samsung претстави уште поевтин смартфон со 5G

Samsung го претстави смартфонот Galaxy A42 5G, најновиот уред во својата палета на прифатлива серија А со малку пониски спецификации.

А42 сега е најевтиниот паметен телефон на Самсунг кој поддржува 5G мрежа и чини околу 455 американски долари. Претходно титулата најевтин ја имаше А51 5G со цена од 500 долари.

Galaxy A42 користи процесор Qualcomm’s Snapdragon 750G кој беше претставен минатиот месец. Ова треба да биде чекор напред од Snapdragon 730G, кој го користат уреди како Google Pixel 4A, но не е толку моќен како Snapdragon 765G во Pixel 4a 5G и OnePlus Nord.

Паметниот телефон има 6,6-инчен OLED екран со исечок за селфи камера од 20 MP на горниот дел. Во зависност од верзијата, има 4 или 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија што може да се прошират со помош на microSD картичка. Сензорот за отпечатоци е интегриран во екранот. На задната страна има четири камери, широк 48, ултра широк 8, макро 5 MP и сензор за длабочина од 5 MP за да се создаде портрет ефект. Се напојува од батерија од 5.000 mAh.

Клиентите ќе можат да избираат од три бои, црна, сива и бела со четири нијанси кои варираат од долу до горе.

Galaxy A42 ќе се натпреварува со OnePlus Nord кој има побрз процесор, повеќе RAM меморија, екран со брзина на освежување од 90Hz, втора селфи камера и генерално позитивни оценки.

Награден напис

Хонда го прошири опсегот на опционална опрема за редизајнираниот Civic Type R

Понатамошно рафинирање на еден од најбрзите спортски автомобили со погон на предните тркала вклучува и …

Три децении на Mr. Bean

Пред триесет години на британската телевизија беше емитувана првата епизода од смешна серија за момче …

Забрането е копирање на текст!