Renault Megane RS Trophy-R е новиот крал на Нирбергринг

Досегашниот најбрз продукциски автомобил со погон на предните тркала на патеката Нирбергринг, Honda Civic Type R, е симнат од тронот. Досегашното време од 7 минути и 43,8 секунди што го имаше досегашниот носител, е заменет со ново, и тоа 7 минути и 40,1 секунда од Renault Megane RS Trophy-R.

Renault Megane RS Trophy-R официјално ќе биде претставен на 24 мај, во тајминг на Формула 1 трката во Монако.

Новата верзија е со намалена тежина за 150 килограми, и понатаму го придвижува четирицилиндричен 1,8-литрен турбо мотор од верзијата Trophy, кој испорачува 300 коњски сили и 400 њутн метри најголем вртежен момент.

Од спортската дивизија на Рено изјавија дека ќе бидат понудени само стотина примероци од Renault Megane RS Trophy-R.

Претходна Паровите кои се 20 години во брак се посреќни од младите парови
Следна Легендата на европскиот фудбал, Петр Чех е новиот спортски директор на Челси

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!