Qatar Sports Investment, сопствениците на PSG сакаат да ја купат Roma

Според францускиот весник Le Parisien, сопствениците на фудбалскиот клуб PSG размислуваат за купување на италијанскиот прволигаш Roma. Како причина го наведуваат незадоволството на сопствениците од успехот што PSG го прикажал во Лигата на шампионите.

Qatar Sports Investment на чело со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, не се задоволни од напредокот и успехот на францускиот PSG, особено поради големите суми вложени во клубот. Наводно, емирот смета дека во моментов PSG му го нарушува угледот на светската сцена.

Истовремено, Qatar Sports Investment, како што се наведува во францускиот весник, е во преговори за преземање на италијанскиот клуб Roma од претседателот Џејмс Палоте или барем за инвестирање во клубот по пат на голем спонзорски договор. Но, според Палоте, таквите информации се невистинити.

Претходна Уметноста на Manhart BMW Z4 – комбинација на елеганција и агресивност
Следна 5G 8K TV е новитетот најавен од Huawei за оваа година

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!