Qatar Sports Investment, сопствениците на PSG сакаат да ја купат Roma

Според францускиот весник Le Parisien, сопствениците на фудбалскиот клуб PSG размислуваат за купување на италијанскиот прволигаш Roma. Како причина го наведуваат незадоволството на сопствениците од успехот што PSG го прикажал во Лигата на шампионите.

Qatar Sports Investment на чело со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, не се задоволни од напредокот и успехот на францускиот PSG, особено поради големите суми вложени во клубот. Наводно, емирот смета дека во моментов PSG му го нарушува угледот на светската сцена.

Истовремено, Qatar Sports Investment, како што се наведува во францускиот весник, е во преговори за преземање на италијанскиот клуб Roma од претседателот Џејмс Палоте или барем за инвестирање во клубот по пат на голем спонзорски договор. Но, според Палоте, таквите информации се невистинити.

Претходна Уметноста на Manhart BMW Z4 – комбинација на елеганција и агресивност
Следна 5G 8K TV е новитетот најавен од Huawei за оваа година

Награден напис

Голманот на Црвена звезда со одлична одбрана во 94-та минута стана херој за неговите соиграчи и навивачи

Голманот на Црвена звезда, Милан Борјан, со одлична одбрана ја спаси победата на својот тим …

Ѓоковиќ го престигна Надал и постави импресивен рекорд

Обично на тенисерите по 30-тата година полека им опаѓа формата, и само неколку успеваат да …

Забрането е копирање на текст!