Кровниот шатор на Porsche ќе биде достапен од ноември, а ќе може да се постави на купе верзијата на моделот 911, теренците Macan и Cayenne, Panamera и Taycan.
Не е вообичаена глетка да се види тркачки спортски автомобил со покривна кутија, а уште поретко е да се види таков со покрив кој кога ќе се отвори се претвора во простор за живеење/спиење.
Како и да е, во одделот за опрема на Porsche решија да го прошират асортиманот од богатата понуда на дополнителна опрема со покривен шатор што може да се постави на повеќето модели на Porsche, вклучувајќи го и 911.
Во Теквипмент велат дека за поставување шатори не се потребни надолжни носачи на покривот, кои горе-долу станаа дел од стандардната опрема на теренците.
Расположливиот простор во шаторот со интегрирани душеци (наскоро и со загреани ќебиња) чија форма потсетува на изгледот на телото на моделот 911 е доволен за двајца возрасни, а материјалот од кој е направен може да се користи во сите сезони.
Шаторот, за кој треба да одвоите 4.980 евра, ќе се најде во продажба од ноември, ќе се нуди во две комбинации во две бои и не е наменет да се монтира на верзиите GT, Cabrio и Targa на Porsche 911.