Минатата година дилерите на брендот Порше најавија дека електричниот модел со назив Taycan Cross Turismo ќе се појави во 2021 година, но управата во Штутгарт решија да ја забрзаат работата и да дебитира во септември оваа година, а неговиот прв дериват да се појави во 2020 година.
Од Порше се со намера да ја електрифицираат целата своја гама. По Taycan се очекува појавувањето на електричен Macan.
Од базата на Порше најавуваат дека до 2025 година барем половина од продажбата ќе биде од електричните или полухибридните модели. Со намера се да го електрифицираат и познатиот Boxster.
Вљубениците на Порше се загрижени за чекорите што ги превземаат од базата, но управата ја смирува топката и убедува дека и понатаму класичната класа ќе биде примарна во плановите.