Porsche 911 Turbo S не е автомобил на кој му е потребна дополнителна моќност бидејќи е еден од најбрзите сериски автомобили на планетата, но германскиот тјунер G-Power секогаш може подобро.
G-Power ја започна работата со модификации на 3,7-литарскиот твин-турбо 6-цилиндричен мотор кој развива 641 КС и 800 Nm вртежен момент од фабриката, но по инсталирањето на нов и понапреден GP ладилник и издувен систем со високи перформанси со катализатори, овој мотор испорачува 800 КС и 950 Nm вртежен момент. За забрзување од 0 до 100 km потребни се 2,4 секунди, а до 200 km/h само 5 секунди.
Германскиот тјунер направи и естетски промени кои го прават автомобилот поагресивен. Сега има лесни алуминиумски бандажи на Hurricane RR и Hurricane RS со димензии 21×9,5 напред и 22×12 назад, со гуми со димензии 255/39 напред и 335/25 назад. Бандажите се обоени во специјална GP Orange нијанса на портокал.
G-Power подготви и други детали како карбонски капак на моторот, карбонско задно крило, но тие ќе бидат достапни малку подоцна.