Porsche 911 Turbo S е помоќен и поагресивен по третманот G-Power

Porsche 911 Turbo S не е автомобил на кој му е потребна дополнителна моќност бидејќи е еден од најбрзите сериски автомобили на планетата, но германскиот тјунер G-Power секогаш може подобро.

G-Power ја започна работата со модификации на 3,7-литарскиот твин-турбо 6-цилиндричен мотор кој развива 641 КС и 800 Nm вртежен момент од фабриката, но по инсталирањето на нов и понапреден GP ладилник и издувен систем со високи перформанси со катализатори, овој мотор испорачува 800 КС и 950 Nm вртежен момент. За забрзување од 0 до 100 km потребни се 2,4 секунди, а до 200 km/h само 5 секунди.

Германскиот тјунер направи и естетски промени кои го прават автомобилот поагресивен. Сега има лесни алуминиумски бандажи на Hurricane RR и Hurricane RS со димензии 21×9,5 напред и 22×12 назад, со гуми со димензии 255/39 напред и 335/25 назад. Бандажите се обоени во специјална GP Orange нијанса на портокал.

G-Power подготви и други детали како карбонски капак на моторот, карбонско задно крило, но тие ќе бидат достапни малку подоцна.

Претходна Легендарниот Ferrari F40 развива 986 КС
Следна Се сеќавате ли на познатиот југословенски киоск правен во Струга?

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!