Откако пред 3 години Porsche го промовираше својот 718 Cayman GT4 Clubsport, решија на своите купувачи да им го понудат овој модел во две нови верзии.
Cayman GT4 Clubsport за ентузијасти, кои можат да си дозволат својот автомобил да го возат по светските тркачки патеки, но и верзија подготвена за натпреварување на национални и светски натпревари. Тоа се верзиите Track day и Competition.
И двете верзии ќе ги движи 3,9 литрен боксер мотор со 6 цилиндри и 425 коњски сили и вртежен момент од 425 Nm.
Бесењето е позајмено од тркачкиот 911 GT3 Cup. Во прилог на квалитетите и управливоста на Cayman GT4 Clubsport, оди и механички ограничената блокада на диференцијалот, а со верзијата Competition доаѓаат и неколку стандардни тркачки детали како кафез, специјални појаси за закачување во 6 точки кои ги исполнуваат сигурносните барања на FIA.
Ентузијастите можат да сметаат на системите како ABS, ESP, TC кои по потреба или желба можат да се исклучат.
Cayman GT4 Clubsport Track day ќе се продава за 134.000 евра, додека поскапиот и поопремениот Cayman GT4 Clubsport Competition за 157.000 евра.
Првите модели се планираат за февруари оваа година.
Награден напис
Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија
Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …
Маестралниот Верстапен славеше во Мајами
Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …