Pipistrel Alpha Electro – електричен авион со кој патување од 160 километри чини 5 долари

Pipistrel Alpha Electro е ултралесен авион наменет за два патника, кој со едно полнење на батеријата обезбедува 1 час летање или 160 километри, а патувањето ќе чини околу 5 долари.

Авионот е тежок 300 килограми, од кои 100 килограми е тежината на батеријата. Го придвижува електромотор од 60 киловати.

Недостаток е тоа што сè уште нема инфраструктура за полнење на батериите на овие авиони.

Според производителот, летањето во ноќни услови дава подобри резултати, заради намалените турбуленции во текот на ноќта.

Цената на овој ултралесен авион е 140 000 долари, а досега се произведени 40 авиони за купувачи од Европа, САД и Австралија.

Во моментов авионот се користи за часови по летање над аеродромите.

Претходна Ford Shelby Mustang GT 500 со 760 коњски сили
Следна Kои пози најлесно ги доведуваат жените до оргазам

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!