Италијанската компанија за дизајн на автомобили Pininfarina, го најави автомобилот со електричен погон и неверојатни 1900 ks.
Технологијата што ќе се користи во погонот на автомобилот е на познатата хрватска автомобилска компанија Rimac Automobili. Погонскиот склоп за Pininfarina PFО ќе се состои од 4 електромотори, за секое тркало по еден, кои ќе испорачуваат вкупна моќ од 1900 ks и 2300 Nm и со тоа ќе биде еден од најмоќните автомобили на пазарот.
Целата таа сила ќе биде доволна за Pininfarina PFО од 0-100 km/h да стигне за помалку од 2 секунди, односно забрзувањето до 300 km/h биде за помалку од 12 секунди.
Ќе бидат произведени само 150 примероци со цена од 1,8 милиони евра. И покрај високата цена, интересот за овој автомобил е огромен.
Премиерата е најавена за Саемот на автомобили во Женева 2020 година.
