Првиот паметен телефон на Oppo, наречен Find N, беше добро прифатен во Кина, но за жал не се појави на другите пазари. Сепак, Oppo подготвува уште два кои ќе бидат достапни и на меѓународниот пазар.
Флип телефоните доаѓаат за неколку недели, а Oppo ги именуваше како Find N Fold и Find N Flip. Имињата на новите „паметни“ телефони откриваат дека тие ќе имаат сличен дизајн на телефоните на „Samsung“ на преклопување, Galaxy Z Flip 4 и Galaxy Z Fold 4, кои беа претставени минатата недела.
Се очекува уредите на Oppo да го користат истиот процесор како оној на Samsung, што е процесорот Snapdragon 8+ Gen 1 на Qualcomm.
Во Кина, споменатиот Find N имаше многу конкурентна цена, а сè уште не е познато дали истата стратегија ќе се користи и за претстојните два телефони на преклопување на Oppo.