Nissan го претстави тркачкиот Z GT4, на патеката ќе се појави следната година

По неочекуваниот тизер објавен пред неколку дена, Nissan Motor Co. Ltd. и Nissan Motorsports & Customizing Co. Ltd. (NMC) го претставија својот најнов тркачки автомобил, Nissan Z GT4.

Моделот е базиран на серискиот модел Z и е доработен за да биде подготвен за патеката. Одделот на Nismo Racing го подеси моторот, ги оптимизираше шасијата и суспензијата и ја подобри аеродинамиката според пропишаните правила. Нисан вели дека тркачкиот автомобил Z GT4 е „достапен за ентузијастите и врвните професионалци“.

Стандардниот Nissan Z го придвижува VR30DDTT 3.0-литарски твин-турбо V6 кој развива 400 КС и 475 Nm вртежен момент.

Nissan Z GT4 беше развиен во објектите на Nismo. а беше тестиран и на патеката. Деталните спецификации ќе бидат објавени на саемот SEMA во САД во ноември оваа година, а испораките се очекуваат во првата половина на 2023 година.

Моќниот Nissan Z Nismo сè уште чека, а дотогаш љубителите можат да купат додатоци на Nismo за моделот Z.

Претходна Sky Whale е трикатен авион за 755 патници
Следна Репрезентативецот на Уругвај остана без коса поради корона, па направи неверојатна тетоважа и фризура

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!