MrBeast изгради сто бунари во Африка и обезбеди чиста вода за половина милион луѓе

Најпопуларниот YouTuber, MrBeast, во својата најнова хуманитарна мисија, ископа сто бунари во Африка и со тоа обезбеди чиста вода за повеќе од половина милион луѓе.

MrBeast го започна своето патување како докажан алтруист, имајќи предвид дека ова не е прво видео за хумана мисија, кое го објави заедно со сите други содржини на своите социјални мрежи, во село во близина на Кенија.

По неколку бунари во Кенија, тој се упатил кон училиштата во Наирира, каде учениците му приредиле неверојатен пречек, по што имал можност да ја види реката во која децата и мештаните пијат вода.

„Оваа ситуација е многу тешка, животот на овие деца е ограничен и често се скратува бидејќи мораат да пијат небезбедна вода. Но, ние ќе ставиме крај на тоа, барем во ова село“, рече MrBeast.

Потоа во своето видео го објасни процесот низ кој поминале, од дупчење до поставување на пумпи и резервоари.

Тој рече дека овој проблем може лесно да се реши доколку има доволно волја.

MrBeast обезбеди вода во 12 села, а некои училишта опреми со нови компјутери, мебел, спортска опрема и други технолошки помагала.

По Кенија, MrBeast го посети и Зимбабве каде обезбеди вода за локална болница каде што се раѓаат 50 деца секој месец. Потоа следеа Уганда, Сомалија, Камерун, каде што ја заокружија бројката од 100 бунари, а во едно од селата беше изграден мост.

„Сто бунари ќе им го променат животот, но не доволно. Знам дека е чудно што јутјубер ги прави сите овие работи, но некој мора да го направи тоа, а ако никој не го прави тоа, ние ќе го направиме. Како што можете да видите, тоа навистина ги менува животите на овие луѓе “, заклучи MrBeast.

Претходна Австралијанка од „Суперталент“ раскажува за својот за бизарен талент: Свирам флејта со вагината
Следна Како Роналдо ги решава проблемите

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!