Mitsubishi ја објави последната серија на својот теренец Pajero за домашниот пазар

Вистинската off-road легенда уште од осумдесеттите години на минатиот век – Pajero, ја доби својата последна едиција со која го најави пензионирањето на јапонскиот пазар.

Mitsubishi се простува со Pajero за домашниот пазар, откако продаде дури 640 000 примероци со специјална верзија со назив Final Edition. Јапонскиот автомобилски гигант планира да произведе 700 примероци од Pajero Final Edition и со тоа да му оддаде почит на реперот за off-road возила.

Цената на овој лимитиран модел ќе биде околу 40 500 долари.

Сепак, од Mitsubishi најавија дека Pajero ќе продолжи да се произведува за повеќе од 70 автомобилски пазари.

Final Edition е перфектно ускладена верзија, убаво опремена, со екран од 7 инчи за инфотеинмент систем, кожни седишта, од кои предните имаат електронски систем за подесување, кровни носачи и зимски пакет.

Pajero го придвижува дизелски мотор од 3.2 литри со сила од 190 кс. Силата се пренесува на сите четири тркала со помош на петостепен автоматски менувач и Super Select 4wd II систем, а опремен е и со заден диференцијал кој може да се заклучи.

Актуелната генерација на Pajero дебитираше во 2006 година на Саемот за автомобили во Париз и претставуваше голем чекор напред во однос на претходната генерација. Претрпе неколку фејслифтови во 2009, 2010, 2012 и 2015 година. Во зависност од пазарот беа достапни неколку верзии на мотори, трилитарски V6, 3,5-литарски V6, 3,8-литарски V6 и два типа на четирицилиндерски дизел агрегати.

Минатата година Mitsubishi забележа пад на побарувачката на Pajero во Јапонија со продадени 1000 примероци.

Причината за ова ја гледаат во појавувањето на штедливи теренци како Outlander PHEV и Eclipse Cross.

Претходна Неимар го чинеа три меча неиграње пцостите на Инстаграм
Следна Новата Black Edition верзија на AUDI A6

Награден напис

Новитети од ŠKODA: OCTAVIA RS и OCTAVIA SCOUT

Спортската и практичната верзија на бестселерот Најсовремена генерација на новите EVO мотори кои нудат и …

Претставено уникатното издание на Aston Martin DBX Bowmore

Aston Martin, во соработка со дестилеријата за виски Bowmore, создаде ексклузивна верзија на СУВ моделот …

Забрането е копирање на текст!