Новиот Mini John Cooper Works GP својата премиера ќе ја доживее на Саемот за автомобили во Лос Анџелес, на 22 ноември. Тоа ќе биде модел кој е најбрз и најјак, а цената ќе му биде 40 000 евра.
Џебната ракета, како што го нарекуваат, има дволитарски турбобензински мотор со 4 цилиндри, кој испорачува моќ од 306 коњски сили и вртежен момент од 450 њутн метри.
Официјалните податоци за сите перформанси сè уште не се познати, но се очекува Mini John Cooper Works GP да има забрзување од 0-100 км/ч за 5 секунди и максимална брзина од 250 км/ч.
Ќе биде изработен во серија од само 3000 примероци. Цената ќе биде околу 40 000 евра.