Mercedes-Benz Unimog постави нов рекорд – се качи на вулкан во Чиле

Експедиција составена од 10 истражувачи и возачи во две возила Mercedes-Benz Unimog, успеаја да се качат на вулкан во Чиле.

За оние кои сакаат истражување и релаксирање во самотија во природа, офроудот е често решение. На тој начин се доаѓа до убави предели, чисто воздух и недопрена природа. Сепак, возилата кои се на пазарот имаат и свои ограничувања.

Но, тимот кој имаше за задача да го истражува вулканот Ojos de Salado во Чиле, ја имаше среќата за искачувањето да користи две возила Mercedes-Benz Unimog.

Тоа се возила кои генерално ги користи војската, но и по некој љубител на офроуд авантури и научници.

Ojos de Salado е најголемиот активен вулкан во светот, а задачата на тимовите што се искачија е да ги сменат старите и да постават нови радиоединици во камповите на висина од 6100 метри. Рекордот е надминат од едно од возилата кое се искачи на висина од 6694 метри.

Претходна Huawei FreeBuds 3 – нови премиум безжични слушалки премиерно во Македонија
Следна Mercedes AMG E63 S лимузина со спринтерско срце

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!