Mercedes-AMG One се подготвува да го собори рекордот на Нирбургринг

За да биде најбрзиот сериски модел кој рика низ познатиот „зелен пекол“, Mercedes-AMG One мора да постигне време на круг под шест минути и 43 секунди.

Најновиот видео материјал кој се појави на интернет сугерира дека Mercedes-AMG се подготвува да го собори досегашниот рекорд во круг на познатата германска патека Nürburgring Nordschleife во категоријата сериски автомобили.

Очекувано, најновото „оружје“ на AMG со кое Афалтербах смета на симнување од тронот на Porsche 911 GT2 RS MR (Manthey Racing) е одамна развиениот ултра-спортски модел One, за кој, пред се, поради погонската единица, многумина со право велат дека е „Формула 1 со светла и покрив за две лица“.

За да стигне до тронот на Нирбургринг, AMG One мора да помине низ познатиот „зелен пекол“ за помалку од шест минути и 43 секунди, што не би требало да биде посебен проблем ако се земе предвид дека на послабиот сериски модел на AMG, GT Black Series, му беа потребни шест минути и 43.616 секунди за „затворање“ на кругот.

За потсетување, One го придвижува 1,6-литарски V6 мотор кој е „позајмен“ од Формула 1 на Мерцедес и прилагоден за употреба на јавни патишта. Помогнат е од четири електромотори, а вкупната комбинирана моќност е 1.063 КС. што е доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди и 352 km/h.

Претходна Child of Vision – Roger Hodgson
Следна Поранешниот шампион во Формула 1 е првиот што купи Римац Невера

Награден напис

Што точно се случува со телото на човекот откако ќе умре?

Сигурно барем еднаш сте се запрашале што се случува со човечкото тело откако ќе умре? …

Rolls-Royce Cullinan од Carlex Design

Carlex Design е тјунинг компанија која главно зазема нетрадиционален пристап кон редизајнирање на луксузни и …

Забрането е копирање на текст!