McLaren Speedtail со цена од 1,97 милиони долари

Откако од McLaren решија да го повлечат нивниот легендарен модел F1, што беше далеку пред времето, се размислуваше и се чекаше чекорот наречен негов наследник. Наследникот ќе треба да се потруди да го надмине моделот F1 со сите негови карактеристики, особено во дизајнот и моторот. Стариот модел F1 имаше централно поставено седиште за возачот и неверојатен 6,1 литрен V12 мотор со моќ од 627 ks.
Од McLaren го најавија наследникот на нивниот легендарен модел. Тоа е моделот Speedtail, хиперавтомобил со прилично футуристички изглед, со очекувано импресивни карактеристики. Под хаубата е поставен хибриден мотор со импресивни 1050 ks. Овој мотор овозможува забрзување од 0-300 km/h за 12,8 секунди, што преставува 0,3 секунди поголемо забрзување од Chiron на Bugatti.
Комплетно, целата каросерија е изработена од јаглеродни влакна и при дизајнирањето најголемо внимание е посветено на аеродинамиката. Наместо ретровизори, поставени се камери кои по потреба можат да се вовлекуваат или извлекуваат. Со должина од 5137 mm, подолг е за 549 mm од моделот P1.
Внатрешноста е чиста футуристика. Возачкото седиште е централно поставено, а во вториот ред се наоѓаат две седишта за патници. Пред возачот има 5 LCD екрани. Еден централен за податоците што му се потребни на возачот, два споредни за додатни информации и два екрани што прикажуваат слика од камерите што се со функција на ретровизори. Скоро и да нема дополнителни прекинувачи. Заради опцијата “velocity mode” кој го спушта автомобилот за додатни 35 mm, возачот има чувство како да е во вселенско возило.
Сите 106 возила што ќе се произведат се веќе продадени. На купувачите им се дава опција по своја желба да си ги уредат, така што нема да постои идентичен модел.
Тоа задоволство ќе ги чини само 1,97 милиони долари.



 

Претходна Освежениот AUDI R8 со агресивен изглед
Следна Научниците создадоа робот што го менува обликот како Терминатор

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!