Исклучително реткиот модел на McLaren со ознака F1 LM, по завршување на аукцијата спроведена во аукционерската куќа Сотби, доби нов сопственик и тоа за цена од 19,8 милиони долари. Плановите баш и не се остварија, бидејќи првобитната намера била за него да се добијат 23 милиони долари. Аукцијата траела само 4 минути, а новиот сопственик е приватен колекционер кој живее во САД и без сомнение ќе ужива во едниот од само двата модела F1 LM.


Од McLaren ги направија овие два примерока по посебни спецификации. Додадени се отвори за вентилација над предните тркала, доби downforce пакет кој го смени предниот дел од автомобилот, како задниот спојлер. Моторот од 6,1 литар кој развива 627 коњски сили, во овие два примерока има 680 коњски сили.

Овој примерок бил пратен во фабриката на McLaren за да му се подобри бесењето, да добие подобри светла и големи 18-инчни тркала.
Автомобилот има поминато 21.488 километри.