Mansory AMG G63 Viva Edition е наменет за богатите кои сакаат внимание

Мансори е зафатен во последно време, а еден од новите проекти е AMG G63 Viva Edition.

Германскиот тјунер е познат по својот „див“ дизајн, некои од креациите на Менсори се на удар на критиката, додека други се навистина импресивни како неодамна претставениот Бентли Бентајџ. Но, со својата верзија на Mercedes-AMG G63, Мансори заврши уште подобра работа бидејќи луксузниот теренец е дефинитивно магнет за изглед. Очигледно е наменет за оние со „длабок џеб“ кои сакаат внимание.

Mansory AMG G63 Viva Edition е прва од 10 примероци, каросеријата е обоена во комбинација на црно-бело со малку сива нијанса, а Mansory подготви фантастичен сет бандажи со краци во форма на буквата Y.

Тјунерот не претеруваше во ентериерот како што тоа често се случува, црно-белата тема со шевови во форма на дијамант продолжи, а има и етикети на Viva Edition.

Технички детали не се објавени, но може да се очекува зголемување на моќноста. Претходниот Mansory блиндиран AMG G63 развиваше меѓу 700 и 800 КС.

Претходна Познати фудбалери кои сакале или сакаат да се коцкаат во казина
Следна Bugatti Chiron Pur Sport против борбен авион

Награден напис

Subaru Impreza S10 WRC управувана од Петер Солберг оди на аукција

Богатите љубители на автомобили, а особено љубителите на релито, сега имаат одлична можност да поседуваат …

Eminem – When I’m Gone

Уживајте во прекрасната музика на нашиот портал и на нашето ново интернет радио. Слушајте музика …

Забрането е копирање на текст!