Lenovo има нов лаптоп со уникатно решение за слушалки

Во време на скоро постојани видео повици, заборавањето на слушалките може да биде проблем, но Lenovo има решение.

Од Lenovo пристигна нов лаптоп ThinkBook 15 Gen 2 со интегрирани Bluetooth безжични слушалки, а дизајнирано е елегантно решение за чување и полнење.

После употребата, слушалките се чуваат во слот што се лизга во куќиштето на лаптопот и додека се во него, се одвива процесот на полнење. Веднаш штом ќе бидат извадени, слушалките автоматски се поврзуваат со лаптопот. Ова ќе биде корисно за луѓето кои забораваат да ги полнат своите уреди или забораваат да ги земат.

ThinkBook 15 Gen 2 е достапен со 11-та генерација процесор Intel Core i7 или со AMD Ryzen 4000 процесор, до 40 GB RAM и 1 TB SSD или до 2 TB HDD меморија.

Во зависност од верзијата што ја избира клиентот, тие можат да добијат интегрирана графичка картичка Intel Iris X или UHD, графичка картичка Nvidia GeForce MC450 или интегрирана графичка картичка AMD Radeon. Лаптопот има 15,6-инчен екран, има и верзија чувствителна на допир, а доаѓа со батерија од 45Wh што овозможува шестчасовно работење или 60Wh батерија што трае два часа подолго.

Споменатите слушалки се продаваат само со модели кои имаат процесори Intel, па дури и во тој случај ги имаат само избраните модели.

Лаптопот доаѓа со една порта Thunderbolt 4, една USB-C порта, две USB-A порти, HDMI порт, читач на картички 4 во 1 и приклучок за слушалки од 3,5 mm. Тежината варира во зависност од спецификациите и минималната е 1,7 кг.

Претходна Xiaomi претстави три нови телефони – Mi 10T, Mi 10T Pro и Mi 10T Lite
Следна Среде пандемија Дубаи е отворен за сите туристи

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!