Land Rover подготви специјално ограничено издание на моделот Defender Trophy Edition, кое ќе биде произведено во 250 примероци.
Land Rover Defender е без сомнение икона во светот на теренците, и исто како и Jeep Wrangler и Mercedes-Benz G-Class, го започна животот како цврсто воено возило за транспорт на војници до најтешките локации.
Сепак, репутацијата на Defender не е само вкоренета во неговото воено минато, бидејќи голем дел од неговиот кредибилитет доаѓа од моделот Defender Trophy, серија SUV возила кои го поминаа најпредизвикувачкиот можен терен. Сега Land Rover им оддава почит со новиот модел Defender Trophy Edition.
„Defender Trophy Edition продолжува да го зачувува духот на авантурата, истовремено почитувајќи го богатото наследство на Land Rover“, рече Џо Еберхард, претседател и извршен директор на Jaguar Land Rover Северна Америка.
Производството ќе биде ограничено на 250 примероци, кои ќе се базираат на моделот Defender 90 P400. Бројот 90 значи дека ќе биде пократка верзија, додека бројот 400 се однесува на моќта на неговиот 6-цилиндричен турбо мотор и блага хибридна технологија.
Defender инспириран од минатото е обвиткан во нова и уникатна жолта обвивка која има класична графика и ознака за трофејот Defender Trophy, е опремен со Extended Black Exterior пакет, влечна сајла, воздушна суспензија, Cold Climate пакет, Advanced Off-Road Capability пакет.
Секој од овие пакети може да се нарача за стандардниот Defender, но ако се комбинираат сите во еден SUV, се добива фантастичен SUV.
Системот Terrain Response 2 на Land Rover е стандарден и автоматски ги детектира надворешните услови на возење, по што го прилагодува возилото. Овој систем може да го избере соодветниот режим на возење и електронски да ги заклучува и отклучува диференцијалите без никаква помош од возачот.
Овој Defender е незапирлив на терени надвор од патот, но Land Rover не остава ништо на случајноста, па го опреми теренецот со багажник на покривот со скала што може да се прошири, електричен чекрк, браници, интегриран воздушен компресор и подебели патосници кои подобро го штитат внатрешност од нечистотија.
Defender Trophy Edition чини 95.000 долари, а купувачите добиваат право да учествуваат на еднодневниот настан Defender Trophy Competition во кој ќе се натпреваруваат 90 тимови и ќе се соочат со бројни предизвици.