Land Rover уште еднаш се осврна на последната генерација на Defender

Во одделот на Land Rover, кој се крие зад името Classic, одлучија да обноват и модифицираат 25 копии од последната генерација на Defender кои ќе бидат придвижувани од V8 мотор.

Оддавајќи му почит на еден од најпознатите теренски автомобили на сите времиња, Land Rover Classic ќе подготви 25 примероци од реставрираниот и модифициран Defender, кои ќе бидат понудени во пократки (90), подолги (110) и Double Cab “pick- up“ каросериски верзии, а ќе го носи името Trophy II.

Не е прв пат Land Rover да се навраќа на претходниот Defender, чие производство заврши во 2016 година, а со последниот фабрички проект за рестомод, овој пат доаѓа интересно украсена каросерија која претставува 23 географски локации далеку од цивилизацијата каде што се докажа во нејзината долга историја е една од автомобилските икони на Британија.

Стариот/новиот Land Rover Classic Defender Works V8 Trophy II е поставен на 18-инчни алуминиумски бандажи, а го придвижува 5-литарски V8 мотор кој развива 400 коњски сили и 515 nm максимален вртежен момент, чија распределба на двете оски е задолжен за 8-брзински автоматски менувач ZF.

Модификацискиот дел од приказната вклучува LED светла, спортски предни седишта на Recaro, внатрешност обложена со кожа и модерен мултимедијален/навигациски систем. Одделот Classic ќе го понуди Trophy II во само пет примероци во верзијата Double Cab и по 10 копии во верзиите на каросеријата 90 и 110.

Темната страна на месецот во овој случај е цената, бидејќи за фабрички реставриран и модифициран Defender треба да се издвојат речиси 270.000 евра.

Претходна Германската репрезентација повеќе нема да го користи прекарот по кој со години ја препознаваат
Следна Роналдо изјави дека ќе игра за Манчестер Јунајтед

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!