Jaguar F-Pace доработен од Lister достигнува 322 km/h

Долгогодишната компанија која се занимава со доработка на возилата на Jaguar, Lister Motor Company, како свој најнов проект го имаше Jaguar F-Pace.
Проектот има наслов LFP. Моделот што го доработија е со препознатлива “british racing” зелена боја со жолти детали, а внатрешноста е перфетктна.
Од Lister Motor Company не ги објавија деталите за доработениот модел, но сепак некои детали се познати. Максималната брзина која може да ја достигне нивниот проект е 322 km/h благодарение на петлитарскиот мотор со суперполнач и силата од 670 ks. Забрзувањето од 0-100 km/h е за само 3,6 секунди.
Цената на овој преработен кросовер почнува од 158.000 евра и ќе бидат изработени само 250 примероци.

Претходна За што се може да се искористи талогот од испиеното кафе?
Следна Од скелет на праисториски гуштер до робот што се движи

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!