IndyCar болидот со кој легендарниот Најџел Менсел ја освои титулата е продаден за речиси еден милион долари (995.000).
Највисоката понуда на аукцијата ја даде шефот на Мекларен, Зак Браун, со што дополнително ја прошири својата фантастична колекција.
Lola T93/00 е придвижуван од Ford-Cosworth V8 мотор со турбо полнач, а со него Менсел освои пет победи и три пол-позиции во 1993 година.
Браун изјавил дека конечно го купил автомобилот со кој се „тркал пет години“, а го чинел 995.000 долари.
Тој откри и дека ќе биде превезен во Велика Британија каде ќе му се придружат познати автомобили како McLaren MP4/6, кој му припаѓаше на легендарниот Ayrton Senna, како и Williams FW11, исто така управуван од Mansell.