Hublot произведе паметен часовник кој чини 5800 долари

Hublot произведе нов паметен часовник наречен Hublot Big Bang наменет за клиенти кои можад да одвојат неколку илјади долари.

Паметниот часовник Big Bang го користи оперативниот систем WearOS, и е достапен во две верзии.

Црната керамичка верзија чини 5.800 долари, а титаниумската верзија 5.200 долари.

Двата модела се карактеризираат олед екран осетлив на допир од 42 мм заштитени со кристален заштитен сафир, процесор Snapdragon Wear 3100, 1 GB RAM меморија, 8 GB простор за внатрешно складирање и батерја од 300mAh.

Часовниците имаат и дополнителни карактеристики, вклучително и различни прикази на содржина, промени во бојата и слично.

Хублот влезе во пазарот на паметни часовници во 2018 година кога дебитираше со часовникот Big Bang Referee инспириран од Светскиот куп каде беше официјален спонзор. Тој часовник чинеше 5.200 американски долари.

Типичен смарт часовник со Wear OS чини неколку стотици долари во зависност од марката и моделот.

Сè уште не е познато кога ќе започне продажбата на паметниот часовник Биг Бенг, пишува The Verge.

Претходна Истражување спроведено на 500 парови дава информација за должината на сексот кај подолгите врски
Следна Фејсбук им го олесни на корисниците бришењето на стари постови

Награден напис

Eфикасно користeње на клима-уредот

Ако барате разладување од летните горештини, воздржете се од нагонот драматично да ја намалите температурата …

Секс поза која е најпопуларна кај сите генерации

Компанијата „Bespoke Surgical“ неодамна анкетираше над 1.000 луѓе за нивната омилена поза во сексот. Според …

Don`t copy text!