Huawei P30 Pro екперт за квалитетна мобилна фотографија

На вчерашната гала во Париз, Хуавеи го претстави својот знаменосец и миленик – моделот P30 Pro и за кратко време успеа да ги освои техноманите и љубителите на квалитетна мобилна фотографија.

Многумина веќе предвидуваат дека P30 Pro ќе ја наследи славата и континуитетот на продажба на минатогодишниот модел P20 Pro.

Од Хуавеи и на моделот P30 Pro успеале да ја запазат елеганцијата со  закривен екран, кој потсетува на Ѕ моделот на Самсунг.

OLED дисплејот е со големина од 6,7 инчи и резолуција од 2340 x 1080 пиксели.

Во внатрешноста на мобилниот е сместен Kirin 980 процесор дизајниран од Хуавеи. Уредот е достапен во две верзии и тоа 8 gb рам и 256 gb внатрешна меморија, и 8 gb рам и 512 gb внатрешна меморија.

Батеријата е моќна и има 4200 mAh која од 0 % до 70% може да се наполни за 30 минути, благодарение на супербрзиот полнач. P30 Pro поддржува и безжично полнење.

Главниот адут на P30 Pro е моќната камера. Експертите велат дека со неа Хуавеи го менува светот на мобилната фотографија.

Од другите опции има вграден HDR+ режим поврзан со вештачка интелигенција која го контролира секој дел од фотографијата.

Главниот сензор на P30 Pro е RYYB SuperSpectrum. Хуавеи RGB пикселниот распоред го замениле со сензор за црвена, сина и жолта боја, со оглед на тоа дека жолтиот сензор ги апсорбира црвената и зелената светлина. Од Хуавеи изјавуваат дека овој нов аранжман впива 40 % повеќе светлина и доведува до поостри и подобри фотографии.

Камерата на P30 Pro има голема моќ на зумирање. Главната камера која е опремена со оптички стабилизатор и со нов суперзум перископ мод, може да ја зголеми фотографијата пет пати, но од производителот велат дека доколку се направи правилна конфигурација на параметрите може да се постигне зум до 10 пати без губиток на квалитетот.

Претходна Легендарната Шкода MB1000 слави 55 години
Следна Ѓоковиќ елиминиран во Мајами од Шпанецот Роберто Баутиста Агут

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!