HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh

Со својот 6,67 инчен Full HD дисплеј, новиот паметен телефон на HUAWEI нуди навистина неограничено искуство. Целокупната висококвалитетна изработка, одличната батерија и камера ги инспирираат корисниците да ги „фатат” најдрагите моменти.

Удобност за очите, летечки старт на игрите

Љубителите на мобилни игри и видео содржини ќе ја ценат големината на екранот од 6,67 инчи и неговата Full HD резолуција од 2400 x 1800 пиксели. Со грижа за очите, дисплејот на паметниот телефон нуди ефективен филтер против сината светлина, користејќи TÜV Rheinland сертифициран Eye Comfort режим. Во меѓувреме, страничното копче за напојување, кое исто така е сензор за отпечатоци, им овозможува на корисниците побрзо и безбедно отклучување на телефонот.

Непрекинати авантури со 22.5W HUAWEI SuperCharge

Денес, телефоните се исто така наш личен центар за забава и работа, што значи сериозно и постојано оптеретување на нивниот систем. За да не го изневери својот сопственик, HUAWEI P smart 2021 поддржува 22.5W HUAWEI Super Charge технологија. Овозможува толку брзо полнење што ви требаат само 10 минути за 2 часа работа. Самиот капацитет на батеријата е особено импресивен – дури 5000mAh!

Изразете ја својата креативност со 48MP quad AI-камера

Камерата и батеријата се две од главните карактеристики на паметните телефони на Huawei во секој опсег на цени, а HUAWEI P smart 2021 дури ги надминува очекувањата. Неговата quad-задна камера овозможува неверојатни снимки и фотографии, благодарение на 48 мега пиксели и ½ инчен сензор, што помага во одржување ниско ниво на шум и поквалитетни фотографии.

HUAWEI P smart 2021 е одличен избор за ноќно фотографирање, поради неговата висока чувствителност и вградена технологија со вештачка интелигенција. Паметниот телефон е во состојба да прави јасни фотографии со помалку шум, дури и во екстремно темни услови.

Селфињата станаа составен дел од нашето самоизразување и спомени на пријатно време во добро друштво, така што кај HUAWEI P smart 2021 се посветува посебно внимание на предната камера. Камерата има 8-мегапиксели и поддржува интелигентна функција за разубавување, така што селфињата се совршени за споделување во моментот откако ќе се направат. Ултра-широкиот агол на камерата има поле од 120° за да не пропушти ништо и никој од кадарот на групно селфи или пејзажни фотографии.

Меморија за многу спомени

HUAWEI P smart 2021 е опремен со 128GB внатрешна меморија и нуди можност за дополнителни 512GB со надворешна картичка. Со осум-јадрениот чипсет и најновата верзија на EMUI 10.1, HUAWEI P smart 2021 има одлики за едноставна употреба, за да си го олесниме секојдневието.

HUAWEI P smart 2021 се базира на App Gallery, официјалната платформа за апликации за уредите на Huawei. App Gallery нуди 18 категории на апликации, кои ги покриваат сите потреби на корисниците – од забава до образование и деловно работење. За да го скрати и поедностави процесот на пребарување и преземање апликации, Huawei сега нуди и Petal Search. Новата алатка за пребарување е еден од трите начини на кои корисниците на Huawei можат да најдат и преземаат апликации на нивните уреди со HMS, заедно со AppGallery и Phone Clone. Покрај тоа, Petal Search е развиен во партнерство со глобални и европски search engine лидери како Qwant и Yandex со цел да се достигнат највисоките стандарди на пазарот. Сето ова за да ви овозможи иновативен, различен и безбеден метод на пребарување.

Цена и достапност

HUAWEI P smart 2021 доаѓа во три бои – Crush Green, Blush Gold и Midnight Black. На македонскиот пазар е достапен во продажните салони на Нептун, Техномаркет и Сетек, по препорачана цена од 12.999 денари, додека кај двата телекомуникациски оператори се очекува да пристигне во ноември.

Награден напис

Се продава Eleanor Shelby GT500 од филмот Gone In 60 Seconds

Нема сомнение дека Мустангот е икона кога станува збор за филмови каде што често се …

Новиот рекорд во Нирбургринг сега го држи Mercedes-AMG GT Black Series

Најдоброто време на познатата германска патека Нирбургринг Нордшлајфе во категоријата производни автомобили повеќе не го …

Забрането е копирање на текст!