Huawei nova 10 и nova 10 Pro пристигнуваат на европскиот пазар

Huawei во јули на кинескиот пазар ги лансираше мобилните телефони nova 10 и nova 10 Pro, а сега овие уреди доаѓаат и во Европа.

Иако точниот датум се уште не е објавен, nova 10 и nova 10 Pro дефинитивно ќе им бидат достапни на клиентите на Стариот континент, а познато е и колку ќе чинат.

Huawei nova 10 ќе се продава по цена од 500 евра, а доаѓа со Snapdragon 778G процесор, 6,67-инчен OLED екран со брзина на освежување од 120Hz и ултра широка селфи камера од 60 MP. Уредот се напојува со батерија од 4.000 mAh, која поддржува брзо полнење од 66 W.

Huawei nova 10 Pro ќе чини 730 евра, има поголем OLED екран од 6,78 инчи со брзина на освежување од 120 Hz, а покрај споменатата селфи камера од 60 MP, има и дополнителна камера од 8 MP на предната страна. Овој модел има капацитет на батерија од 4.500 mAh со поддршка за полнење од 100 W. Ќе бидат потребни само 10 минути за полнење на батеријата од 20 до 80 проценти капацитет.

Заедничко за двата модели се трите задни камери, главната од 50, ултра широката од 8 и сензорот за длабочина од 2 MP.

Исто така, двата модели се достапни само во една конфигурација, односно со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија. Клиентите ќе можат да избираат помеѓу сребрена и црна боја.

Да кажеме уште дека во октомври во Европа ќе пристигне Huawei Watch D кој ќе се продава по цена од 460 евра. Овој паметен часовник има напредни функции за следење на здравствените параметри, сензор за ЕКГ и сензор за крвен притисок.

Претходна Škoda Fabia добива целосно електричен наследник
Следна Rhythm Is A Dancer feat. Ivy Quainoo – Alex Christensen & The Berlin Orchestra

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!