Huawei со помош на вештачка интелигенција ја заврши Недовршената симфонија на Франц Шуберт

Во последно време сè повеќе се зборува за вештачката интелигенција, и додека едни сметаат дека таа почнала да ги заменува луѓето, други истакнуваат дека главната разлика помеѓу човекот и вештачката интелигенција е во капацитетот за креативност. Меѓутоа, пример од Лондон покажува дека вештачката интелигенција – во соработка со човекот – може да биде креативна и да “создаде” уметничко дело.
Австрискиот музички гениј и еден од најголемите уметници на сите времиња, Франц Шуберт, во 1822 година на компонирал својата Осма симфонија. Освен што е своевидно ремек дело, оваа симфонија е позната и по тоа што Шуберт никогаш не ја довршил, па во музичката теорија почнала да се нарекува “Недовршена симфонија”. Во таков облик и била изведувана од реномирани светски оркестри ширум светот речиси 200 години.
Но денес, по два века, изгледа дека Шубертовата Осма симфонија е завршена. За ваков сензационален успех се заслужни Huawei, вештачката интелигенција која го придвижува нивниот водечки модел Mate 20 Pro и наградуваниот композитор Лукас Кантор. Тие ја завршија Шубертовата композиција и покрај врежаното мислење дека таа вечно ќе остане недовршена.
Имено, новата верзија на композицијата е создадена со помош на вештачката интелигенција која го придвижува Mate 20 Pro. Уредот со помош на специјализирани апликации ги анализирал бојата и висината на звукот и постоечките параметри на движењето на симфонијата, а потоа софтвер генерирал мелодија за последните два става кои недостасуваат. Завршната композиција е претставена во Лондон, а ја изведе оркестар со 66 инструменти, под водство на наградуваниот композитор Лукас Кантор.

“Моја работа беше да ги извлечам добрите идеи од вештачката интелигенција и да ги пополнам празнините, за да се осигурам дека конечниот резултат е достоен за изведба со симфониски оркестар. Резултатот на оваа соработка со уметничката интелигенција докажува дека технологијата нуди неверојатни можности и може да има значајно позитивно влијание врз модерната култура”, изјави Кантор.

Според него, со оваа изведба се создал конечен оркестрален резултат и се заокружила целината на хармоничната соработка помеѓу новата дигитална доба и историските музички класици, како темел за иднина полна со знаење, уживање и полесно секојдневие.
Од друга страна, претседателот на работната група на Huawei за западна Европа Волтер Ји, изјави дека континуирано бараат начини да ја искористат технологијата со која располага Huawei со цел светот да го направат подобро место за живеење.
За довршување на Осмата симфонија од Huawei развиле посебен дигитален алат, модел за разбирање и развој на музиката кој го инкорпорирале во Mate 20 Pro, а целиот процес траел со месеци. Притоа се користени MIDI датотеки од кои системот на вештачка интелигенција ја научил структурата на Шубертовите дела. Откако вештачката интелигенција ја произвела мелодијата, на композиторот Кантор му требале само 30 дена да ги создаде третиот и четвртиот став на Осмата симфонија.
https://youtu.be/GcFkoTUraMM

Претходна Марк Вебер го тестираше новото Porsche 911 GT2 RS Clubsport
Следна Распоред на претставување на новите болиди во Формула 1 за новата сезона

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!