Honda планира да претстави десет електрични мотоцикли до 2025 година

Honda, најголемиот светски производител на мотоцикли, станува електричен бренд, а оваа недела објави дека ќе претстави 10 или повеќе електрични мотоцикли до 2025 година.

Од Honda беше соопштено дека електричните мотоцикли ќе бидат наменети за европскиот и азискиот пазар, но и дека дел од нив ќе бидат достапни и во Северна Америка. Исто така, не треба да очекуваме многу модели со високи перформанси бидејќи слајдот што го објави Honda содржи 11 силуети на потенцијални електрични модели, од кои само четири не личат на мопеди.

Honda развива нова платформа наречена FUN и планира да лансира три големи електрични модели на јапонскиот, европскиот и американскиот пазар помеѓу 2024 и 2025 година. Исто така, јапонската компанија работи на детски велосипед базиран на истиот погон и батерија.

Сепак, Honda ќе продолжи да произведува модели со мотори со внатрешно согорување, но вети дека ќе биде поеколошка благодарение на употребата на гориво Е20 и Е100 базирано на етанол.

Целта на Honda е нејзиниот бизнис со мотоцикли да биде јаглеродно неутрален до 2040 година, а електричните модели да учествуваат со околу 15 отсто од продажбата на мотоцикли до 2030 година.

Претходна Зад името Utopia се крие новиот суперспортски двосед на Pagani
Следна Кинеските ракети со погон на бор ќе функционираат во воздух и вода

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!