HMD Global официјално ги претстави Nokia 125 и Nokia 150

Стартапот HMD Global официјално претстави два нови обични мобилни телефони на Nokia. На 155-годишнината од основањето на Нокиа, носителот на лиценцата за Nokia телефони ги претстави новите Nokia 125 и Nokia 150.

Двата уреди имаат издолжен дизајн, со мали рабови, со екран од 2,4 инчи и поголемо копче. Тие го користат оперативниот систем Series30 + за обични телефони, со вграден непознат процесор MTK во комбинација со 4MB работна меморија и 4MB внатрешна меморија, што може да се прошири со MicroSD картичка.

Nokia 125 и Nokia 150 доаѓаат со батерија од 1020mAh што може да се отстрани, а исто така имаат и 3.5 милиметарски приклучок за слушалки и FM радио. Нокиа 150, за разлика од 125, има VGA камера на задниот дел и поддршка за Bluetooth 3.0. Исто така, Nokia 150 има малку повеќе рафиниран дизајн и поатрактивна палета на бои, каде се издвојуваат црвената и зелената боја.

Овие се 2G уреди кои работат со фреквенции од 900 / 1800Mhz.

Nokia 125 ќе чини околу 24 долари, додека цената на Nokia 150 е околу 29 долари.

Времето на пристигнување на пазарот не е одредено.

Претходна Сони потврди дека до крајот на годината ќе ја имаме PS 5 конзолата за играње
Следна Травис Каланик, сопственикот на Убер и многу други компании се почести со дом од “само” 43,3 милиони долари

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!