Стартапот HMD Global официјално претстави два нови обични мобилни телефони на Nokia. На 155-годишнината од основањето на Нокиа, носителот на лиценцата за Nokia телефони ги претстави новите Nokia 125 и Nokia 150.
Двата уреди имаат издолжен дизајн, со мали рабови, со екран од 2,4 инчи и поголемо копче. Тие го користат оперативниот систем Series30 + за обични телефони, со вграден непознат процесор MTK во комбинација со 4MB работна меморија и 4MB внатрешна меморија, што може да се прошири со MicroSD картичка.
Nokia 125 и Nokia 150 доаѓаат со батерија од 1020mAh што може да се отстрани, а исто така имаат и 3.5 милиметарски приклучок за слушалки и FM радио. Нокиа 150, за разлика од 125, има VGA камера на задниот дел и поддршка за Bluetooth 3.0. Исто така, Nokia 150 има малку повеќе рафиниран дизајн и поатрактивна палета на бои, каде се издвојуваат црвената и зелената боја.

Овие се 2G уреди кои работат со фреквенции од 900 / 1800Mhz.
Nokia 125 ќе чини околу 24 долари, додека цената на Nokia 150 е околу 29 долари.
Времето на пристигнување на пазарот не е одредено.