Help Connect – систем за помош на мотоциклисти при сообраќајни несреќи

Bosch разви нов систем наречен Help Connect кој автоматски повикува на помош ако открие несреќа.
Системот Help Connect е наменет за мотоцикли, а Bosch го разви за да им помогне на мотоциклистите да добијат помош што е можно поскоро. Брзината на реакција е исклучително важна, затоа што, колку побрзо ќе пристигне помошта, толку се поголеми шансите мотоциклистот да преживее. Податоците покажуваат дека бројот на загинати мотоциклисти е 20 пати поголем од бројот на возачи на автомобили.

Системот Help Connect се потпира на сензорот кој е дел од контролата на стабилност на мотоциклите Bosch MSC, кој мери забрзување и аголна брзина сто пати во секунда. Со тоа системот собира информации за положбата на мотоциклот и неговиот агол.

Системот исто така се потпира на алгоритмот на судар, интегриран во сензорот за да открие дали се случил судар или несреќа. Во случај на несреќа, информациите за возачот и локацијата се испраќаат до Центарот за услуги на Bosch, а во случај на сериозна несреќа се користи мобилен телефон за да се утврди локацијата на возачот и се испраќа брза помош.

Help Connect првично ќе биде достапен во Германија, а подоцна и пошироко, пренесува Engadget.

Претходна Фолксваген објави рендер на Arteon Shooting Brake кој ќе биде претставен на 24 јуни
Следна Ретка преработка на Mercedes SLR McLAREN која и денес изгледа одлично

Награден напис

Eфикасно користeње на клима-уредот

Ако барате разладување од летните горештини, воздржете се од нагонот драматично да ја намалите температурата …

Секс поза која е најпопуларна кај сите генерации

Компанијата „Bespoke Surgical“ неодамна анкетираше над 1.000 луѓе за нивната омилена поза во сексот. Според …

Don`t copy text!