Популарната апликација Google Maps воведе новитети, меѓу кои се издвојува 3D приказот на познатите знаменитости.
3D „потопниот поглед“ на Google сè уште не е целосно подготвен, но веќе може да се види што ќе понуди во иднина. Google лансираше ажурирање на својата апликација Google Maps за уреди со Android и iOS што носи воздушни погледи на речиси 100 знаменитости, вклучувајќи ги Алкатраз во Сан Франциско, Биг Бен во Лондон и Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк.
Оваа нова функција комбинира вештачка интелигенција технологија со милијарди фотографии, вклучувајќи сателитски и фотографии од Street View за да создаде реални 3D прикажувања. Google го претставува ова како алатка за преглед наменета за туристите, но исто така е корисна за оние кои се љубопитни и сакаат да ги видат знаменитостите.
Воздушниот поглед е достапен за сите корисници ширум светот, а се што треба да направите е да пронајдете обележје на Google Maps и потоа да го посетите делот Фотографии.
Но, тоа не е сè, бидејќи Google ја подобрува навигацијата за велосипедистите со прикажување подетални информации за маршрутите, вклучувајќи густ автомобилски сообраќај, скали, стрмни ридови и типови патишта. Исто така, ќе биде полесно да се споредат правците. Подобрувањата на навигацијата за велосипедистите ќе бидат достапни за стотици градови во наредните недели.
Исто така, пристигнаа нови известувања за споделување на локацијата за да знае корисникот кога некој пријател пристигнува или заминува од одредено место. Известувањата се овозможени само за корисници кои се согласуваат да ја споделат нивната локација.