Google ја прекинува поддршката за Chrome на Windows 7 и 8.1

Гугл објави дека на почетокот на следната година ќе ја прекине поддршката за прелистувачот Chrome на оперативните системи Windows 7 и 8.1.

Chrome 110, кој пристигнува на 7 февруари 2023 година, нема да работи на Windows 7 и 8.1, но корисниците на овие оперативни системи сепак ќе можат да ги користат постарите верзии на Chrome. Сепак, ќе им бидат одбиени новите функции и безбедносните надградби.

Google ги советуваше корисниците преку својата веб-страница за поддршка да се надградат на Windows 10 и Windows 11 за да продолжат да добиваат ажурирања на Chrome. Ова може да биде тешко за оние уреди кои не поддржуваат поновите верзии на оперативниот систем на Microsoft, особено за деловните корисници кои сè уште се „заглавени“ на Windows 7 или 8.1, како и за оние кои едноставно немаат пари за нов компјутер.

Сепак, Google мора да ја прекине поддршката во одреден момент, а овој рок се совпаѓа со истекот на продолжениот рок за Windows 7 и 8.1, кој беше најавен за 10 јануари.

Претходна Ferrari 330 GTC е реставриран до совршенство
Следна Ferrari го претстави хиперавтомобилот 499P Le Mans

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!