На презентацијата одржана на Android Dev Summit, од Google потврдија дека “темниот” режим на работа на оперативниот систем и на апликациите (dark mode), има позитивни ефекти врз издржливоста на батеријата кај телефоните кои работат на Android.
„Dark mode“ е опција која ја менува бојата на темата на оперативниот систем или на апликацијата во црна. Според Business Insider, долго време се дебатираше за ефектот на оваа опција врз издржливоста на батеријата, но ова е прв пат тоа отворено да биде потврдено.
Во текот на презентацијата, од Google го прикажаа податокот за ефективноста на “темниот” режим на работа врз батеријата кога се користи на апликацијата YouTube. Се покажа дека на полна светлина, “dark mode” штеди 43% од батеријата во споредба со нормалниот режим на работа (normal mode), кој користи многу бела боја.
Од Google признаа дека згрешиле со тоа што ги охрабрувале развојните инженери на апликации да користат бела боја. Многу апликации им нудат на корисниците “темен” режим на работа, но не сите. Повеќето како главна ја користат токму белата боја. Така што, ако сакате подолго да издржи батеријата на вашиот смартфон, сега и официјално знаете што треба да направите.
Инаку, има апликации кои ја трошат батеријата повеќе од другите. Така на пример, Snapchat троши најмногу батерија во мирување. Популарниот Tinder, исто така, троши многу батерија поради следење на локацијата. Microsoft Outlook постојано ја проверува и освежува новата пошта. Апликацијата Facebook е вистински предатор за вашата батерија, па затоа е најдобро е да ја користите Lite верзијата на Facebook.
Награден напис
Apple работи на лаптоп со екран што се преклопува
Asus е вистински пионер кога станува збор за лаптопи со екран на преклопување благодарение на …
Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција
Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …