Ford Shelby Mustang GT 500 со 760 коњски сили на американскиот пазар ќе се појави во 2020 година со подобрена шасија, аеродинамика и со нов мотор.
GT 500 ќе го придвижува рашно изработен 5,5 литарски V8 мотор со суперполнач и огромна моќ од 760 коњски сили и вртежен момент од 847 њутн метри и ќе биде најјакиот продукциски V8 мотор со суперполнач на светот.

Силата ќе се пренесува со автоматски менувач со 7 степени на пренос и на задните тркала ќе се праќа со карбонско вратило, а промената на брзината ќе се служува за неверојатни 100 милисекунди.
Сите спецификации не се сеуште објавени, но се знае дека забрзувањето од 0-100 км/ч ќе биде за околу 3 секунди.

GT 500 ќе биде опремен со лесни спирали, активни амортизери, сопирачки од брендот Брембо, Мишелин Пилот Спорт 4С гуми. Исто така ќе го има line-lock системот кој ќе ги блокира предните тркала и ќе му овозможи на возачот да ги “запали” задните гуми. Од Форд подготвија и пакет за подобрена управливост.



Цената на Ford Shelby Mustang GT 500 со 760 коњски сили сеуште не е позната.