Ford GT ќе живее до крајот на 2020 година

Од Ford со информација која што ќе ги израдува љубителите на GT моделот. Производителот ќе го продолжи производството на GT моделот до крајот на 2020 година, и наместо од порано планираните 1000 автомобили, ќе се продолжи производството до 1350.

“Не можевме да го игнорираме барањето но голем број заинтересирани купувачи. Затоа решивме да го продолжиме производството до 1350 автомобили и со тоа да усреќиме уште 350 купувачи, љубители на Ford GT моделот”,  изјави Hermann Salenbauch, директорот на Ford Performance, и додаде дека за секој модел од GT моделот се заинтересирани минимум 6 купувачи.

Ford GT го придвижува централно сместен V6 мотор со 3,5 литри, со поддршка од 2 турбо полначи. На задните тркала испорачува 650 KS, што во работниот мод V-Max е доволно за 347 km/h.

Награден напис

Новата тврдина од компанијата Класен

Класен е компанија која е најпозната по преработките на луксузни модели на Мерцедес, кои вклучуваат …

Се продава оригиналниот и единствен полициски Ferrari 250 GTE од 1962 година

Италијанската криминална сцена во 1960-тите беше многу активна, а полициските потери беа вообичаени. Така, полициските …

Don`t copy text!