Ford Escort RS Turbo кој и припаѓаше на принцезата Дијана излегува на аукција

Примерок на Ford Escort RS Turbo, кој беше во сопственост на британската принцеза Дијана, ќе биде продаден на аукција на крајот на месецот.

Станува збор за уникатен автомобил кој бил подложен на „стелт третман“ во фабриката, а таа работа ја завршил тимот за специјално инженерство на возила на Форд. Инаку, тој е еден од околу 8.600 произведени модели „Серија 1“.

Escort RS Turbo беше обоен во црно, што не беше ни достапно како опција. Го придвижува 1,6-литарски турбо мотор кој развива 132 КС и е поврзан со петстепен мануелен менувач. Автомобилот има поминато нешто повеќе од 40.000 километри, а на принцезата беше испорачан сосем нов во август 1985 година. Таа му го вратила на Форд во мај 1988 година откако поминала 11.000 километри.

Автомобилот на Дијана се проценува дека ќе се продаде за шестцифрена сума, а аукцијата е закажана за 27 август.

Таа, исто така, поседуваше сребрен хечбек Ford Escort Ghia од 1981 година што и го подари нејзиниот сопруг принцот Чарлс. Овој автомобил минатата година беше продаден за 52.000 фунти.

Актуелниот рекорд за најскап продаден автомобил Дијана го држи кабриолет Ауди 80 од 1994 година, кој беше продаден за 58.000 фунти во март 2020 година.

Претходна Доаѓа нов филм на Нолан за таткото на атомската бомба
Следна Што може да ви се случи ако премногу често водите љубов

Награден напис

Што точно се случува со телото на човекот откако ќе умре?

Сигурно барем еднаш сте се запрашале што се случува со човечкото тело откако ќе умре? …

Rolls-Royce Cullinan од Carlex Design

Carlex Design е тјунинг компанија која главно зазема нетрадиционален пристап кон редизајнирање на луксузни и …

Забрането е копирање на текст!