Fiat 500 си доби место во престижниот Музеј за современа уметност во Њујорк

  •  

Њујоршкиот Музеј за современа уметност, еден од највлијателните во светот на модерниот дизајн, во својата музејска поставка го вброи класичниот Fiat 500f.
Автомобилот ќе биде дел од претстојната изложба со назив The value of good design, која се отвора на 10 февруари и ќе трае до 27 мај 2019 година. Изложбата е со фокус на добро дизајнираните предмети пристапни до широките народни маси.
Fiat 500f се произведуваше од 1965 до 1972 година и не е случајно избран за претстојната изложба, поради тоа што во тој период од минатиот век беше најпопуларна верзија на моделот Nuova 500 чие производство траеше 18 години. За дизајнот на Fiat 500 е заслужен долгогодишниот директор во Fiat, Dante Giacosa, кој за нив дизајнирал автомобили уште пред Втората светска војна.
Се работи, всушност, за Topolino од триесеттите години на минатиот век, со мотор од 500 кубни сантиметри, кој подоцна ќе се развие во Nuova 500.
Во периодот од 1957-1975 година се продадени 4 милиони примероци.

Копирањето на содржината е забрането!